Saturday, December 17, 2011

Алпификација на Хималаите


Тело транспортирано од Манаслу до Непал и  Џон Харлин III  спасен  од Швајцарските служби


Во последниот период налетав на доста интересни текстови и колумни од светски познати алпинисти и организации. Она што ми падна во очи е една сериозна тема за дискусија, бар за светските спасувачки здруженија, клубови итн. Ние сме светлосни години наназад меѓутоа работиме и ние на тоа. Џон Харлин III е еден од уредниците на Американскиот качувачки дневник и респектиран качувач во Америчкиот Алпинистички Клуб (AAC). Минатото лето како што ни опишува во еден од неговите извештаи, додека качувал на една од популарните насоки на триологијата, блок со големина колку едно човечко тело го бутнал и паднал цели 25 метри се додека не го сопрела една полица. Фрактура на двете нозе и неподвижност.


Час подоцна,  дошол хеликоптер со сајла и попладнето веќе бил во болница со санирани повреди и чувство на цивилизираност. Се додека не пристигнала сметката за спасување.

Хеликоптерските спасувања во Алпите се божји дар (ако си регуларно осигуран како што се повеќето европјани) но, тоа не не вклучува нас и е приказна сама по себе. Спасувањата со хеликоптер низ Алпите се земаат здраво за готово според последните истражувања на неколкуте респектабилни спасувачки тимови/здруженија.  Дали се работи за преживеан пад или за лошо време, попладнето си веќе во локалниот бар и уживаш во кафето или на интензивна нега. Се почесто како што пишува Џон Харлин III се користат овие скапи евакуациони средства за хаику спасувања, умор на северната страна на Ајгер, времето се затворило, повреда итн. Без разлика дали етичкиот кодекс е нарушен, прифаќањето на „air rescue“ од страна на Швајцарија или Италија се очекува да биде исто како амбулантно возило во било кој град во последно време.

Но што правиме кога се работи за Хималите или Андите ? Одењето на овие далечни и непристани места претставува предизвик и една сосема поинаква идеологија на качувањето како  поделба со цивилизираниот свет,  допир со традиционалноста, ризикот на алпинистичкото качување, чувството на далечината и должината на патувањето. Качувањето на тие високи, остри и експонирани врвови го правиме тотално потпирајќи се на нашето сопствено искуство, и начинот на преживување заедно со нашиот партнер. Повеќето од нас не го сакаат тоа чувството на безбедносната пајажина на Алпите. Во суштина и самото искачување треба да биде крајно сериозно.

Од 2005 година па навака на Америчкиот дневник на AAK имаше прилично доста дискусии дали да се објави статија за користењето на хеликоптер во спасувачки мисии на Хималаите уште кога Томаж Хумар се јави за да го спасат од Нанга Парбат. Поголем дел од многуте качувачки заедници беа иритирани и мрмореа околу тоа дека ако одите на соло искачување во Хималаите и се најдете во голем проблем или сериозна повреда треба да „проголтате и умрете“.

Многу од влијателните личности на оваа сцена се и многу повеќе од свесни дека модернизацијата во планините и тоа е како се повеќе присутна. Но сепак има многу повеќе за размислување и дискусија на истата тема после случувањата во Непал и коментарот од Симоне Моро за едно алпинистичко списание „Многу од овие повици за спасување можеа да ја избегнат проблематичната ситуацијата во која се најдоа, луѓе на кои не им е местото на високи планини. Луѓе кои се многу блиску до критичната линија на нивниот лимит ... Не сакам да звучам арогантно но работите се поставени на тој начин“. Симоне Моро е еден од најискусните Хималајци и еден од најдобрите пилоти кога се работи за спасување од високи планини. Целосно е посветен кон оформување на спасувачка служба во Непал.

Човечки инстинкт е да се бориш за својот сопствен живот кога виси на конец. Стив Хаус тоа најдобро го знае и покрај тоа што беше еден од најголемите противници за спасување на висока планина.

За крај ќе го цитирам коментарот на Џон Харлин III на оваа тема.

„Воопшто не ја сакам Алпификацијата на Хималаите и другите далечни региони. Но ако сум виснат и имам скршеница на еден од тие високи врвови дали ќе го искористам хеликоптерот на Моро кој е само на еден телефонски повик далеку ?“