Thursday, October 18, 2012

Квалификациони трки за UTMB



Поради големата заинтересираност за ултра маратони на планина решив да ги објавам сите квалификациони трки на балканов за UTMB. Колку поени носат и колку е котизацијата за истите.
Инаку многу ми е драго што после КМУТ има толку многу луѓе кои се заинтересираа за ultra trail. Тоа значи дека во Македонија постои информациски и спортски мрак.

Одиме вака.
За да учествувате во UTMB 2013 мора да имате 7 бода комплетирано од вкупно 3 трки, во временски период од 2011/01/01 до 2012/12/31. Тоа значи ако сакате да одите на UTMB 2014 ќе треба да имате бодови од 2012/01/01 до 2013/12/31. Кога веќе е појасно одиме на трките кои ни стојат на располагање.

Србија : 
Април 2013 (27/04/2013)
FRUSKA GORA ULTRA TRAIL 111km / 4100m D+
Котизација : 0 денари.
Поени : 3 поена
Веб страна: Fruska Gora Maraton

Бугарија:
Јуни 2013 (нема прецизирано датум)
VITOSHA TRAIL 100km / 1500m D+
Котизација : 7 евра 2 недели пред маратонот или 12 евра на лице место.
Поени : 2 поени
Веб страна : Vitosha 100k

Хрватска 
Март 2013 30/03/2013
ISTRATREK TRAIL RACE 55km / 1800m D+
Котизација : 20 евра
Поени : 1 поени
Веб страна: Istratrek

Април 2013 12/04/2013
100 MILES OF ISTRIA 162km / 5500m D+
Котизација : не е објавено за 2013, но нема да биде под 50 евра
Поени : 4 поени
Веб страна : Istra100

Април 2013 12/04/2013
100 MILES OF ISTRIA 103km / 4300m D+
Котизација : не е објавено за 2013, но нема да биде под 50 евра
Поени : 3 поени
Веб страна : Istra100

Грција
Сеуште нема датуми за трките во 2013 но по традиција се ист датум секоја година
Април 2013 04/26/2013
ULTRA DOLICHOS DELPHES-OLYMPIE 255km / 3800m D+
Котизација : 280 евра
Поени : 3 поени
Веб страна : Doliho

Мај 2013 05/06/2013
KENTAVROS TRAIL 68km / 3550m D+
Котизација : 60 евра
Поени : 2 поени
Веб страна : Kutp

Мај 2013 05/13/2013
ALPAMAYOPRO TRAIL RACE 42km / 2800m D+
Koтизација : 18 евра
Поени : 1 поен
Веб страна : Alpamayo

Мај 2013 05/18/2013
L'OLYMPIENNE ( OLYMPIAN RACE ) 180km / 2000m D+
Koтизација : 260 евра
Поени : 3 поени
Веб страна: Olympus

Јуни 2013 24/06/2012
OLYMPUS MARATHON 44km / 3270m D+
Котизација : 30 евра
Поени : 1 поен
Веб страна : Оlympus Marathon

Јуни 2013 07/06/2012
OLYMPUS MYTHICAL TRAIL 100K  100km / 6960m D+
Koтизација : непозната ( ама не би била под 100 еур )
Поени : 3 поени
Веб страна : Mythical Trail

Октомври 2013 13/10/2012
VIRGIN FOREST ULTRA TRAIL 127km / 5325m D+
Котизација : непознато
Поени : 3 поени
Веб страна : VFT

Октомври 2013 19/10/2012
RODOPI ULTRA TRAIL ( ROUT )  164km / 8000m D+
Котизација : 100 евра
Веб страна : ROUT

Oвие се најблиските земји во околината на балконов каде што може да се учествува. Турција не ја сместив во овие земи поради далечината на trail-овите која е иста како во Италија. Ќе следи уште еден пост со уште повеќе трки каде што може да се пријавиме.
Инаку на трките во Грција најчесто оние поголемите над 100км бараат или поени (1 или 2) или претходно завршени трки со преку 80км. Останатите погоре немаат таков лимит.
Се надевам колку толку помогнав околу изборот и датумот на трките. Лесни нозе.



Tuesday, August 28, 2012

La Vuelta ’12 Понтеареас - Саншеншо E10





Прв ден после денот за одмор на Вуелта после 9 етапи. Денеска трката се одвиваше од Понтеареас до Саншеншо, 164 километри и тотално спринтерска етапа, претежно рамни и широки патишта и прекрасни пејсажи од Галициските обали. Според профилот на етапата, единствено место кое би требало да биде „нагорнина“ е брдото од 3 категорија Alto de San Cosme во првите 30 километри. Последна шанса за тимот на Катуша и Пурито да направат уште некоја секунда плус пред утрешниот индивидуален хронометар каде што дефинитивно е „терен“ за Кристофер Фрум, додека пак Родригез кој води во генерален пласман беше несебичен за медиумите  и изјави дека очекува бар 2 минути заостанување позади првиот возач на Sky.
 Четврта победа на 23 годишниот Германец, Дегенколб. Од вкупно 10 етапи на Вуелта тимот на Аргус Шимано успеа, како што и самите најавија, да ја доведат до перфекција тактиката за спринтерските етапи и да го сместат својот млад спринтер на подиумот и прв во пласманот по бодови.

Профил

Во почетокот на етапата како по обичај се исфрлија само двајца возачи во бегство, Адриан Паломарес ( Андалучија )  кој во 2011 година беше прогласен како најагресивниот возач и Хавиер Арамендиа ( Каха Рурал ) кој пак е трет пак во бегство. Најголемата разлика која ја направија беше 6:42.

Тимот на Дегенколб, Аргос Шимано го презеде водството на трката напред и прилично згази на педалите за да ја намалат разликата која упорно растеше. Веќе на 75 км пред крајот тимот на SKY реши да помогне и како по обичај ја намалија разликата скоро на 1 минута со просечна брзина од 50 километри на час. На 40 км пред крајот разликата се намали комплетно и групата веќе беше споена на чело со Катуша,  Аргос и Скај  кои ја раздвоија групата на 10 километри пред крај и почнаа да се групираат тимовите за секој подобро да го смести својот прв човек пред спринтот.
Дегенколб успеа пред Францускиот шампион Насер Бухани (FDJ Big Mat) и Даниеле Бенати (Radio Shack Nissan) да го даде максимумот од себе и да успее со моќен спринт да финишира прв.

Целата заслуга како и секогаш оди кон неговиот тим. „Целиот спринт беше навистина тежок и до самиот крај беше вистинска борба“, изјави Дегенколб пред да ги охрабри колегите „Етапата не беше многу тешка затоа што нашиот тим ја контролираше трката цел период. Тие пружија навистина добра подршка за мене, секојпат било така, јавно им се заблагодарувам“

Промени во генералниот пласман после трката во Саншеншо нема, утре се селиме во Понтеведра на 39,4 километарскиот хронометар каде што се очекува промена во врвот. Целото внимание ќе биде свртено кон Кристофер Фрум кој е моментално еден од најдобрите хронометраши во светот заедно со Вигинс и Спартакус.

Zdravko Spasev, freelance cycling journalist

Резултати
Етапа 10 :

1. John Degenkolb (Germany/Argos-Shimano) 4:47:24
2. Nacer Bouhanni (France/FDJ-Big Mat) +0
3. Daniele Bennati (Italy/Radioshack-Nissan) +0
4. Gianni Meersman (Belgium/Lotto Belisol) +0
5. Manuel Antonio Leal Cardoso (Portugal/Caja Rural) +0

Генерален пласман после 10 етапа:
1. Joaquim Rodriguez (Spain/Katusha) 39:32:23"
2. Chris Froome (Britain/Team Sky) +53"
3. Alberto Contador (Spain/Saxo Bank) +1:00"
4. Alejandro Valverde (Spain/Movistar) +1:07"
5. Robert Gesink (Netherlands/Rabobank) +2:01"

Дали луѓето кои го управуваат велосипедизмот воопшто сакаат да го доведат во ред ?

убод од оса



После смрта на Томи Симпсон во 1967, 86
% од победниците на Тур де Франс беа поврзувани, обвинувани и осудени за допинг.

Последната недела на 88та Тур де Франс трка во Јули 2001, 28 годишниот Американец Џонатан Вотерс додека бил на тренинг со своите колеги од тимот на денот за одмор во Пау,  во неговите наочари по некоја случајност влегла оса и веднаш се здобил со страшен убод. Вотерс бил алергичен на убод од инсекти и бил вратен во хотелот во кој престојувале со оток голем буквално колку тениско топче.

„Единствено нешто кое може да ти го намали отoкот и да исчезне тотално е инекција со кортизон – но тоа ќе направи да бидеш позитивен на допинг тестот“. – Бил одговорот на тимскиот доктор.
Вотерс бил видно вознемирен во тој момент.  „Но тоа е тотално идиотски .. Јас воопшто не гледам, не можам ниту да го возам велосипедот во оваа состојба, како ќе ја завршам трката ?“ – му одговорил на докторот. „Извини Џонатан, но нема исклучоци за алергии во правилникот, мораме да работиме според правилата на играта“.
„Разбирам но не ја напуштам трката се до утре, тогаш ќе знам како ќе се чувствувам“,  Вотерс потврдил на тимскиот доктор решен на спортска етика и почитување на правилата на TDF.

O
токот наредниот ден воопшто не се намалил и кога излегол од тимскиот автобус Вотерс спремен за трката изгледал како да се степал вчерашната вечер со пола дискотека. Неговата TDF била официјално завршена но за да ја испочитува апсурдноста на правилата за допинг, решил само да го извози велосипедот се додека знаменцето не биде спуштено за почеток на етапата.

Додека го пробивал својот пат на чело на група се сретнал со водечкиот во генерален пласман, Ленс Армстронг. Две години претходно, за време на првата победа на Ленс Армстронг во 1999-та тие беа тимски колеги во US POSTAL, но Вотерс не уживаше во друштвото со него. Победата таа година беше надополнета со допинг скандали и Вотерс премина во Францускиот тим Credit Agricole  каде пронајде многу поразлична и почиста средина.

Армстронг како по обичај не го сокрил презирот „Кутар Џонатан, ти и твојот глуп Француски тим“ – дофрлил „Си се погледнал ли на што личиш ? Да останеше со мене и во мојот тим вакво срање немаше да ти се случи, ќе беше саниран, сега ќе се збогуваш со TDF само поради убод од оса“

Вотерс бил збунет. „Помислив, Курац! Еве ме овде во овој тим кој сака да игра според сите правила додека овој ме потценува поради тоа. Тоа беше моментот кој беше пресуден за мојата кариера“ – додава Вотерс. „Не сакав да се натпреварувам повеќе, не ми ни беше важно повеќе после сите тие случувања“.

Армстронг не се штедеше кога спомнуваше имиња на сите негови пријатели на високи позиции во спортот, кои очигледно добро му помогнаа низ времето. После таа негова прва тур победа во 1999, тој требаше да биде дисквалификуван откако резултатите се покажаа позитивни на кортикостероид, но беше буквално спасен од тоа со предвремен терапевтски преглед.  Во 2002 пак, Флојд Лендис изјави дека Армстронг му има спомнато за уште еден позитивен тест на допинг кој го имал на трката околу Швајцарија во 2001, но и покрај тоа, Армстронг успешно го маскирал со помош на луѓето околу него.

За Лендис, кој му помогна на Армстронг да биде на листата на шампиони на TDF три години подоцна, беше клучен момент за да почне со допинг. „Тоа беше одлучувачкиот момент за мене“ – додава Лендис, „Да имав некоја друга причина во која би верувал дека луѓето кои го водат овој спорт навистина сакаат да му помогнат и да го доведат во ред, можеби ќе кажев : ‘Ако чекам доволно долго ќе имам шанса да победам на турот без да користам допингно не постоеше сценарио во кое верував дека во мојот живот ќе имам шанса да се натпреварувам на TDF и да победам чист“.

После смрта на Томи Симпсон во 1967, 86% од победниците на Тур де Франс беа поврзувани, обвинувани и осудени за допинг. Што не е во ред со спортов ? Зошто постојано ова се случува ? Ако Армстронг е врежан заедно со историјата на велосипедизмот, тогаш и неговата врска со Интернационалната Велосипедска Унија (UCI). Додека се натпреваруваше, тој во исто време префрлаше донации на институцијата која раководи истовремено со велосипедизмот. Тоа е крајно вознемирувачки факт.

Зошто UCI како респектабилна институција со кредибилитет молчат пред обвинувањата на USADA против Ленс Армстронг ? Зошто Армстронг не беше санкциониран во 1999 ? Што се случило на турот во Швајцарија ? Зошто тврдењета на Флојд Лендис дека тимот на US POSTAL константно се допингува не беа проверени ? Зошто UCI ги тужи новинарите кои ги поставуваат овие прашања ?

Дали воопшто имаме некаква причина да веруваме дека луѓето кои го водат светскиот професионален велосипедизам навистина сакаат да го доведат во ред и мир ?

Guardian/Zdravko Spasev, freelance cycling journalist

Saturday, August 25, 2012

Кога „хероите“ потфрлуваат


Хероите се создаваат. Не се раѓаат. Таква е приказната за „големиот“ Ленс Армстронг кој вчера после последниот повик на USADA за жалба против допинг, тој реши да не го води спорот и да се повлече од понатамошни борби со судовите. Одземени му се сите резултати и титули во периодот од 1998 па се до 2005. Избршани се сите достигнувања во негово име.
Обвиненија за користење на EPO, тестостерон, кортикостероиди, трансфузија на крв итн.

Ова беше сосема очекувано ако сте ги прателе обвиненијата во последниве години кои му се закануваа и не е ништо ново, бар за мене тоа беше јавна тајна. Ленс е голем идол на многу млади и многу луѓе низ светот вклучувајќи ја тука и Македонија како земја препарирана од било кој спорт.

„Искрено мислев дека големиот Ленс Армстронг ќе се договори со светската анти-допинг асоцијација и ќе ги подмири сите несогласувања со тоа што ќе плати одредена сум на пари, однапред договорена со адвокати, и ќе си го задржи авторитетот. Меѓутоа Ленс во последните 5 години создаде империја базирана на неговиот бренд и егото му растеше од ден во ден. Парите со кои требаше да се „купи“ Ленс се дури сега под знак прашалник и се водат како измама“ вели колегата Џорџе од Eurosport кој е цела деценија во спортот.


Одземањето на титулите и одлуката на USADA не е од вчера, ниту сега решила да го води спорот со Ленс, веќе подолго време собираше докази и е една од најголемите институции кои ден денеска врши тестирање на Олимпијади и Параолимпијади. Случајот е голем и на него работат цели тимови и извршители кои со години собираа докази и сведоци за да успеат во она што го зацртаа „откривањето на вистината и прочистувањето на спортот“, можеби малку касно но никогаш не е прекасно за вистината.

Џонатан Вотерс, како и еден од клучните и најголеми сведоци, америчката звезда Џорџ Хинкапи (BMC Racing) кој ја снабдуваше допинг агенцијата со непобијни докази и факти во последниот период имаше најава дека се чека на негово пензионирање за да излезат сите докази пред арбитражата затоа што знаеме како завршија останатите : Иван Басо, Ландис Флојд, Херас, Белтран, Винокуров итн. Ова беа возачи кои газеа по асфалтот на Франција, Италија, Шпанија и многу други гранд турови заедно со Армстронг. Но кога преминаа сите тие во најразлични клубови беа казнети со по неколку години поради допинг.

Пратејќи го професионалниот велосипедизам во последниве години и пратејќи ги нашите спортски колеги новинари  од соседна Србија можам да заклучам дека кај нас во Македонија велосипедизмот благодарение на звездите во спортот се прошири. Меѓутоа, ова со Ленс што се случува го пратам одамна и никогаш не верував дека е чист.  Но многу од вас ќе кажат „поминал на сите допинг тестови“, „никогаш не бил фатен на официјални трки со недозволени дроги“, „најтестиран спортист на планетава“ итн. Така стојат работите, меѓутоа во светот на професионалниот велосипедизам поставено е поинаку.  Цела мрежа на доктори, спортски директори, возачи, тимови, спонзори и добавувачи се во играта која Ленс Армстронг ја играше заедно со нив и го контролираа велосипедизмот.

Нејсе, на Македонија како и на било која друга земја и е потребен херој, дали било национален или странски спортски херој не е важно. Потребен е да биде непобедлив, неуништлив и помоќен од било кога. Тоа им беше Ленс Армстронг, најлесно беше да се анимира публика со него. Ако памтите истото беше и со Михаел Шумахер. Единствено само Французите и Италијанците се сомневаа цел тој период во неговите успеси.

Во Македонија народот слепо верува и му се восхитува на Ленс Армстронг. Меѓутоа како што дојдоа медиумите и новите агенции така и дознаваме повеќе за допинг скандалите, за медицината и не може веќе било кој да ни се меша во манџата и да ни тврди дека Ленс бил најчист и дека не била најдени милион срања во неговата крв.

Еве ви мој личен спортски одговор. Допингот нема да ве направи шампиони, ама ќе ве направи побрзи. Но она што допингот нема да го направи за вас е да станете шампион на TDF. Кортикостероидот нема да ве искачи на Стелвио на Џиро, ниту нема да победите на хронометар од 50км.  Велосипедизмот не е магичен спорт па кога ќе се допингувате ќе почнат црвените крвни зрнца да го пумпаат срцето како ферари. Велосипедизмот е како секој друг спорт, аматери и професионалци.

Затоа тука постои Ленс Армстронг супер човек, идеален и создаден за да стане бренд и професионален профитер и бизнис партнер. Затоа и беше толку заштитен низ годините.

НО, она што многу блогери не успеаа да го доловат како нови во спортските случувања, е дека ова што се случи е на најголема штета на велосипедизмот. На никој друг. Се оцрни лицето на вистинскиот endurance спорт во светот и се оцрнија трудовите на многу чесни и вредни возачи. Не е ни важно веќе што понатаму ќе се случува. Се искриви сликата во необразованата Македонија каде што ќе се етикетираат спортистите како „наркомани“  а во други кругови ќе се делегира како „наместена работа “. Популарноста која ја има Ленс и во која се заработуваат милијарди евра во Америка несомнено донесе многу нови велосипедисти низ улиците на Скопје и Македонија но не донесе трки и публика.

Листа на допинг скандали - обвинувања против Ленс Армстронг
Обвинението против Ленс Армстронг од страна на USADA

(Denivelacija/Здравко Спасев)

Thursday, August 23, 2012

КАКО ДА СЕ ИСКОРЕНИ ДОПИНГОТ ? Johnatan Vaughters


Зошто спортистите се допингуваат ?
Знам зошто. Јас бев еден од тие кој беше соочен со тој избор.
Мојот живот на велосипед започна уште во средно. Кога алармот на мој “Goofy” часовник ќе се огласеше во 5:30 наутро скокав од кревет со возбуда и со цел. Брзав по скалите, се истегнував, го облекував спандексот на своите 41 килограм тежок скелет и излетував преку гаражата. Возев по студено време, по мраз, темница, секој ден низ улиците на Колорадо. Првите 50 километри го кревав пулсот колку што срцето ми дозволуваше и вртев со педалите најбрзо што можам и си создавав измрзнатини по екстремитетите и давав причина на своите родители да се сомневаат во мојот здрав разум.

Овие утрински возење со мојот велосипед го сочинуваат поголемиот дел од моето сеќавање за тинејџерските години; падови, адреналин и дисциплина на секојдневниот тренинг. Но најсвежа меморија на тие возење е тоа како сум сонувал.

Додека возев низ населбата, во предградието на Денвер, мојот ум беше секаде само не тука. Се качував на високите алпски превои на ТурдеФранс. Ги бришев од сеќавање сите силеџии, финансиски проблеми кои го имав дома и тажниот факт што никој не сакаше  да дојде со мене на “homecoming”. Бегство барав во своите сонови но кога се вратив во реалноста одлучив дека не постои напор, страдање и жртвување кое би ме спречило да го остварам својот сон. Одлучноста не можеше да го опише тоа што јас го чувствував во себе. Се чувствував предодреден.

Остварување на детскиот сон е најтешка задача. Тоа го сфатив како што поминуваа годините и километрите. Прво, физички е напорно да возиш 32 000 километри годишно, 10 години без прекин.Тука е притисокот на најблиските кои цело време се обидуваат да ти дадат поддршка и да те разберат, потоа и фактот за изгубените контакти и пријатели низ годините. Додека повеќето од моите другари и другарки излегуваа навечер и ги славеа своите матурски ноќи јас бев во кревет поради трките кои ги имав рано наутро. За време на моето школување го возев Oldsmobile’78 на мајка ми низ цела земја за да можам да бидам забележан во друштвото на големите. Додека останатиот дел од пријателите појдоа на колеџ јас отидов во Шпанија во стан со ладна вода со надеж дека тоа ќе биде мојот прв чекор во професионалниот велосипедизам.


Луѓето кои го живеат својот сон не се оние кои имале среќа или дарба, туку тоа се оние кои се тврдоглави, одлучни и спремни да се жртвуваат. Замислите да ги имате подмирено сите долгови, да си ја завршите работата на време, да го имате талентот и вашата одлучност ќе биде цврста како бетон. Во тој момент сонот  е 98% исполнет, но тука е тој мал процент кој ви е потребен за станете големи во својата игра. Тогаш кога сте на чекор од остварување на вашиот детски сон некој од менторите, тренерите или спортскиот директор, директно или индиректно ќе ви каже дека  нема да успеете доколку не користите допинг. Допингот е можеби оние останати 2%. Тоа ќе го одржи вашиот сон во очите на оние кои не можат да го видат вашето срце. Меѓутоа, вие морате да лажете. Ги лажете вашите родители, вашата мајка, вашите навивачи. Го лажете цел свет. Тоа е суровата реалност која е изнесена пред најталентираните, највредните и најголемите сонувачи меѓу спортистите во тоа време.


Колку се навистина тие 2% важни ? Во елитната атлетика 2% од времето дали сила или издржливост е цела вечност. Тоа е разликата во трчање на 100 метри за 9.8 секунди и 10 секунди. Во пливање измеѓу прво и последно место на 100 метри градно. А на ТурдеФранс, 2% е разлика помеѓу прва и 100-та позиција во генерален пласман.

Да биде појасно, трчање за 9.8 (или побрзо), победа на 100м градно пливање или триумф на ТурдеФранс се возможни и без допинг. Но исто така е невозможно да се победи ако антидопинг прописите не се променат. Ако некогаш кажете дека антидопинг тестовите не се принудни, тогаш сте одлучиле да го завршите својот сон затоа што не можете да бидете конкурентни. Тој е страшниот факт за допингот. Решението е да не ги учите младите спортисти дека откажувањето од своите животни сонови е подобро од измама. Одговорот лежи во тоа да никогаш не им се даде таа опција. Единствен начин да се елиминира овој избор е да се вложат многу напори во антидопинг контроли. Изборот да се простите од своите сонови или да живеете со нечесно срце е страшно и одвратно. Тоа го имам доживеано и знам како е. Одлучив да лажам. Избрав допинг. Длабоко во себе жалам за таа одлука. Вината која ја чувствував во мене ме доведе да се откажам од професионалниот велосипедизам и да основам професионален велосипедистички тим каде што таквиот избор е елиминиран со ригорозни тестирања и културен напредок во кој чиста трка е подобра од самата победа. Изборот за моите атлети беше елиминиран.

Никогаш не бев наклонет на измами, ги мразев, но бев амбициозен, особина која е потребна за да ви се восхитуваат. Работев цел живот за една единствена работа. Но кога сте амбициозни во светот каде што правила не постојат, тогаш тоа е исто како да затајувате данок во светот каде што владата не врши проверка. Замислете си што се можете да направите кога никој не би контролирал.

Размислете за талентираните спортисти кои не го направиле правилниот избор. Тие се казнети затоа што го прателе својот морален компас. Како тие да се помират со губењето на своите сонови ? Тие им се украдени. Кога се тркав во 1990-та и почетокот на 2000-та правилата лесно се заобиколуваа и ако сакате да бидете конкурентни моравте да го држите чекорот со фаворитите. Сега во 2012, мораме да работиме на тоа да никогаш повторно не се случи ова. Тоа уништува сонови. Тоа уништува луѓе. Тоа ги уништува нашите најдобри спортисти.

Додека ги гледав Олимписките игри последните две недели бев љубоморен затоа што знаев дека се преземени големи чекори во спортот за да се ослободи од допингот во споредба со времето во кое јас се натпреварував. Спортистите во денешно време имаат доволно доверба во себе и вештина да можат да ги добијат првенствата и трките без допинг.
Пораката која ја добив во мое време да беше малку поразлична но и поважна можеби ќе го живеев својот сон без да ја убијам мојата душа. Без измама.  Бев цели 15 години помлад тогаш, но 15 години наивен. Направив погрешна одлука, но знам дека носењето на правите и вистински одлуки за наредните генерации мора да почне уште денеска со изборот на реалноста. Сите тие сакаат да направат вистински избор. Ова е лекција која ја научив од младите спортисти, и затоа одлучив да помогнам при создавањето на тој вистински и прав избор за нив.

Треба да знаат без сомнеж дека имаат фер шанса со сите за да се тркаат чесно и чисто. А за да тоа се постигне правилата мора да се почитуваат со многу напор. Антидопинг контрола е 1.000 % подобра отколку во моето време и тоа претставува огромно задоволство за мене и за напорот кој се вложува. Скоро секој спортист кој го имам запознаено а се допингувал, ќе каже дека тоа го направил затоа што сакал да има изедначени шанси со останатите.


Тоа ни кажува дека сите сакаат искрена и чесна шанса, ништо повеќе. Затоа ајде на нашите спортисти да им го дадеме она што заслужуваат, исти услови без никаков допинг. Да се потрудиме спортот да биде фер и никој спортист да не се соочи со ваква одлука во животот. Вложивме толку емоции во маркетингот и во идеализирањето на спортистите, ајде да вложиме исто толку во она што тие навистина го сакаат:  можност да го живееат својот сон без загрозување на својот морал.

(Sportway.mk/nytimes.com/Zdravko Spasev)  


Thursday, May 3, 2012

Small Man ( Фрушка Гора 111км 4190 D+)

Најмоќното оружје на светот е човековата душа во пламен.

Никогаш во животот не верував дека себеси ќе се доведам до тој степен на издржливост. До степен на душевна болка по сопствен избор. Физичката не ја набројувам затоа што таа е минлива. Сега те боли, за еден час ќе ти помине.
Фрушка гора – 111,6 километри и 4,190 искачени вертикални метри за скоро 26 часа, без било каква пауза или одмор подолги од 15 минути. Сите напорни тренизи, повреди, часови и километри претрчани низ Македонските планини под секакви услови, часови вложени во припреми, исхрана, патувања, кризи, нарушен социјален живот и сите останати причини за нозе со скршени срца се забораваат откако ќе се помине целта на еден ултра планински маратон. Со какво големо задоволство, среќа, солзи од радост и болка во цело тело и цела душа се завршува еден таков подвиг е непоимливо за еден обичен човек. Не знам ни од каде да почнам а не знам ни како да го завршам постов.




Ќе ги прескокнам сите класични почетоци на една приказна и ќе започнам со стартот. Како шајка на 28 ми Април заедно со колегите ултраши бевме нацртани пред стартот на трката во 09 часот наутро. На првиот знак истрчавме сите 9 души полни со адреналин и желба да ги поминеме сите на почетокот поради гужвата која се создава од сите 14.000 учесници за да добиеме на време на сите контролни точки.
Веќе на втората контролна точка и на 5 тиот километар направивме убава разлика од гужвата и можевме комплетно да уживаме во трчањето. Фрушка гора е рајот на земјата, ниска падина, полна со високи дрвја, дебели сенки .. сон за секој спортист и тркач.

60 – ти километар. Веќе 10 часа како трчам а силата во нозете константно ја одржавам, хидрирам добро, конзумирам сол и шеќери се осеќам перфектно. Мала пауза на Летенка и време е да се започне додатниот круг за да се надокнадат километрите. Тргнавме заедно во група поради мракот кој не обви, а мрак како мрак си има свои оружја. Намалува телесна температура, температурите се спуштаат ниско и се потешко и потешко е да го одржуваш телото во живот, особено после 80 км.

Бум. Првата криза на 70 – ти километар. Се разранив, во главата ми се вртат уште 50 км и 3 те бода која ги носи тркава за учество во 2014 на UTMB. Не можев да ја сокријам паниката! Ама ни на крај памет не помислив на откажување, никако, бев решен да влезам во финишот затоа што бев сигурен во себе и својата спремност. Мала интервенција со масти и помади благодарение на колегите и повторно продолжив низ мракот како лилјак во пештера.

Еден период престанавме со трчањето.. почнавме да се движиме брзо по угорниците пред нас, токму и тогаш најголемата криза ја имав на цел ултра маратон, после 15 часа веќе бев тотално уништен, цело тело ми се гасеше како механизам, никогаш во животот не верував дека ќе го доживеам тоа чувство да одам и да спијам  и да сакам да се срушам на патеката за трчање. Сакав да ме снема, сакав да не постојам тогаш... ги колнев километрите, ги колнев часовите, беа преку 16 веќе ... кај се уште 10 ?! Имав болка, голема болка, во нозете во сите мускули од телото, рацете, стомакот .. грбот, дури не можам ни да ја опишам таа болка и тоа патење, патење во буквална смисла на зборот, страдање какво што не може ниту било кој од вас да го замисли. Се што конзумирав одма го мелеше организмот, јадеш и  го снемува одма после хранопроводот, како да не си јадел воопшто, чекаш само некој зрак на енергија да се појави во телото. Тоа пак како крајно интелегентен механизам се адаптира на сите услови, инструмент со кој управува мозокот. Страшно колку може да се искористи во рацете на вистински спортиста.
Во вода се удавија сите тактики и сите начини на исхрана, сите финти, сите нутриционистички водичи. Единствена финта беше да се откажеш. Ама јас не паѓам на такви финти.




Благодарение на мотивацијата која ја имав од Јовица, мојот партнер во трчањето, го дочекав кобното утро и првиот изгрев на сонцето. Толку убаво и крваво изгрејсонце немам дочекано. Кулминација и амбивалентност на живот и страдање. Дел од трката искрено не го памтам, извинете ама 26 часа не можев да ги запамтам со такво темпо. Верувам никој не може.
Некаде околу 90 километар веќе беше ден и некаде околу 21-от час како што бевме во движење, се осети убавото време, топло и ведро небо. Додетен стимул за насмевка. Тука ми се отворија хоризонтите, веќе денот ми даде сила за последните километри да ги издржам и да поминам низ целта како херој, херој на себе и на многу мои блиски кои ме подржуваат за цело мое време, цел мој живот.

До крај уште 2 километри, веќе на 109 километар сме. Во мене се случуваше волшебство, градите се кочеа, чекорите ги броев еден по еден, метрите изгледаа како километри сега, се сврте се наопаку. Влогот е голем но ништо не може да го замени успехот кој го постигнав, постигнав и се надминав себеси на секое поле не само на она физичкото туку се надминав и како човек како особа, сега сум многу подобар од оној кој бев пред трката. Подобар поради многу причини, подобар за сите  и за целото општество.
ЦИЉ – го здогледав и се залетав со сета сила, ако воопшто беше сила тоа после 26 часа. Ме израдуваа и ме насолзија скандирањата на публиката со „ Ајмо Македонци, најбољи сте“.

Трката ја завршив некаде со пласман во првите 70 места во конкуренција со 350 натпреварувачи. Можев далеку подобро, сигурно во топ 20 меѓутоа поените беа скапоцени бар засега за мене и не сакав да ризикувам повреда или откажување.



Мојата цел за овој период е завршена, освоив 3 бода за трката околу Мон Блан за кои се потребни 7 бода и сега следна цел ми е 
http://www.vitosha100km.bg/ 100 километри 1700 D+ и 2 бода.


До тогаш следуваат многу  тешки тренинзи и многу поголеми успеси во мојата кариера како ултра маратонец и алпинист. Сакам само да спомнам една особа за која мислам и сум сигурен дека е најзаслужна за сите мои достигнувања во последите неколку месеци, без нејзе мислам дека голем дел од работите немаше да ги истуркам онака како што сакав. Водич, мотиватор и подржувач на секој мој дострел.


линк
 за фб албум




Thursday, April 5, 2012

Be that person

Get dirty. Get fucking filthy. Get poor. Get off your ass. Get desperate. Get dangerous. Get vilified. Get vile. Get romantic. Get fucked. Get moving. Get productive. Get pro-active. Get started. Get your own life. Get doing something. Anything. Because before you know it you’re 40 with kids, a mortgage, and responsibilities that cause your fun to come second. So before cancer, before children, before 50 hour work weeks, before back and knee problems, before school loans, before you lose your sense of humor… Fight. Fight and fuck and run and smile. Smile because the older you get, the less you will. So yes, “quit being such a goddamn pussy,” because bitching and whining and worry never made anything better.



-MWT

Monday, April 2, 2012

Трчање за почетници

Klepa Ultra Trail 38km 1800 D+ (Macedonia)

Секој почеток е тежок и  во повеќето случаи амбивалентен. Зависи од нас, колку сме спремни да вложиме во посветеност и детерминираност. Најчесто почетокот на било која физичка активност е ужас само по себе. Така и со трчањето. Почетник во трчање значи да ги активираш сите рецептори на болка во самиот почеток, но не се грижете, вашето срце ви е благодарно многу повеќе отколку мускулите во вашето тело.

Во последно време налетувам на многу генерички текстови, табели, прирачници за трчање и македонски фалш сајтови кои нудат „програми“ за трчање. Програмот кој ви треба за да успеете во било која етапна цел е вграден во вас, само треба да го активирате. Секоја програма не функционира кај секој, сите имаме различно тело, различна подготвеност, фондација, она што функционира кај мене, кај вас не функционира. Креирајте своја програма. Истражувајте. Трчањето значи процес во кој телото се адаптира на сите проблеми (дехидрација, истоштеност, болка, вртоглавици, халуцинации итн).  За почетник или пак оној кој планира да биде рекреативец и да учествува во маратони до 5км треба да знае 2 работи.

Не му треба програма за трчање.
Не му треба диета.

Секој човек кој бил неактивен физички подолг период најчесто почетокот го заплашува и бара оправдување (телесна тежина, повреда, старосни години) за откажување, и го наоѓа. Не се обесхрабрувајте, трчањето ќе ви пружи забава, здравје и ќе ве направи подобар човек.

Она што ви е потребно е мотивација, охрабрување и посветеност. Бидете во таков круг на луѓе, затоа што постои тенденција да постанете она со кое се дружите.  Трчањето во последниве години се повеќе и повеќе станува софистицирана дисциплина и техника на телото, од успесите на Усаин Болт, до издржливоста на ултра маратони на Килиан Хорнет. Се променија резултати, рекорди и местата на кои се изведува дисциплината. Се помести човечката граница на издржливост благодарение на медицината и напорните тренинзи.

Човечкиот организам и човечкото тело е еден многу моќен инструмент кој во правите „раце“ функционира беспрекорно. Телото е дизајнирано да учи од себе, да се адаптира и да се регенерира од сите видови на напор. Третирајте го како такво. Со текот на времето како што трчате и тренирате се помалце ќе осеќате болка во мускулите и дијафрагмата, помалце болка во лигаментите, зглобовите, колената. Дајте му време да научи што работите, време да се навикне на промената.

Истегнување (ќе ве заштитат од повреди)
Загревање ( дајте му време да се загрее на телото)
Трчање (трчање!!)
Recovery (џогирање или пешачење после крајот на тренингот)
Истегнување ( ќе ве заштитат од повреди )

Вака изгледа една тренинг сесија на почетник во трчањето. За тоа кое темпо ќе го имате оставам на вас и на вашата физичка спремност во зависност од телесната тежина. Најважно е да бидете најмалку 30 минути активни во трчањето.

Исхраната е суштина во спортот, она што е многу важно е секако пред трчање минимум 1 час да немате конзумирано било каква поголема количина на храна, освен овошје како најголем извор на природни шеќери, преферирајќи банани  за добар гастроинтестинален тракт, прости шеќери.
Мора да се внимава што се конзумира, особено ако имате вишок на килограми и сакате да ја добиете посакуваната тежина, особено конзумирање на исхрана во деновите на трчање. Не го полните телото со џанк фуд. Ослабнување и одржување на телесната тежина се 2 различни дисциплини.

После тренинг сесијата пожелно е внесување на одреден степен на протеини/јагленохидрати за враќање на гликогенот во мускулите кој има задача да генерира подобро опоравување после тренингот. Најчесто, паста, ориз, овошје, сезонски зеленчук итн.

Секоја тренинг сесија треба да биде како што кажав најмалку 30 минути. Се помалку од тоа има послаб ефект и многу потешко ќе дојдете до посакуваната форма. Првиот тренинг нека ви биде во границите на нормалата, значи благо џогирање со пешачење и не повеќе од 3 километри. Така првата недела дена 3 пати по 3 километри, односно до 10км неделно.
Втората недела тенденциозно ќе го зголемите темпото на трчање со тоа што ќе ја зголемите километражата до 4 км. Носете часовник, помага и мотивира да бркате време. Секоја наредна недела ќе ги зголемувате километрите и темпото, 5км, 6км ..10км итн.

Ова е некој базичен почеток на секој кој сака да почне да трча, слушајте го телото, осетете ги нозете, тлото. Преферирајте земја, има помал импакт на колената. Комбинирајте земја-асфалт. Ојачајте ги колената. Техниката на трчање, на потскокнување на избегнување на „мавање“ со стапалата по тлото како со мотка за чукање ораси си доаѓа со текот на времето. Трчајте со некој по искусен во секоја можна ситуација.
Обувките претпоставувам ви се адекватни земајќи ја во предвид експанзијата на индивидуалниот спорт во Македонија.

Трчањето е дефиниција за здрав организам, опфатив колку што можам, сигурно имам и многу промашено како анализи, математика, хемија во исхрана, бројки во брзините, пресметувања на километрите итн. Добро би било да оставете коментар ако нешто сум заборавил да покријам затоа што верувајте цела филозофија стои позади квалитетен runner.

Sunday, February 12, 2012

Слобода




Секоја остварена цел е подеднакво уништен сон. Затоа постојат етапни цели или етапни сонови кои секогаш си ги поставувам пред да бидам повлечен надоле. Идејата на текстот најпрвин ми беше да го опишам качувањето на мраз кое го направив во Австрија, но се премислив. Решив да пишувам за слободата на човекот а за искачувањата нешто подоцна деновиве. Најлесно е човек да биде во последна линија на отпор со сопствената слобода, слобода која зависи од секојдневниот живот, обврски, работа, љубов со пранги на срцето а слобода во рацете. Луѓето најчесто се чувствуваат слободни со секојдневните занимации или во блискиот круг на пријателите, никогаш во себе и во сопствениот ум затоа што најчесто и незнаат како. За вистински да се чувствуваш слободен потребна е пасија кон нешто, било што се додека е инволвиран надворешниот свет, за мене се тоа планините, карпите, мразевите. Нешто што би можело да допре до одредени наши човечки сетила, да предизвика емоции и зависност, подеднакви како љубовта.

Изминативе 7 дена бев во можност да уживам во таа слобода, слободата на животот, на пасијата која ја носам во срцето од мали нозе, на места каде што ретко помислува човек а уште помалку и да дојде до контакт со таа моја слобода. Не сакам да звучам премногу метафизички но сакам да ви доловам како можат работи кои се на дофат од неколку часа да бидат вистинска слобода.

Секој од нас носи во себе искра хедонизам кој многу ретко ја користи како карта за да ужива во слободата, а слободата доаѓа природно со човекот, таа е инстинктивна, не може било кој да ја забрани на било кој начин. Човекот потекнува од природата па и токму затоа најчесто таму се чувствуваме убаво, пријатно, изолирани од лагите и неискреноста, лицемерието и звукот на цивилизираноста, од ропството кон змејот наречен „градски живот“.

Додека бев присутен тие 7 дена во изолацијата на природата, опкружен со комплексноста и звукот на северниот ветер си реков „вака можам цел живот да бидам слободен, планината никој не одбива“. Така и направив, години наназад уживам во слободата и животот која ми го дава. Сите во себе криеме планина на слобода, фигуративно или буквално, само што потребно е време да се истражи и да знае да се искористи. Таа планина може да биде клупа, парк, два квадратни метри земја, или сенка покрај езерска бреза. Денеска луѓето единствена работа која ја знаат за слободата е само нејзиното име.

Како се вика твојата слобода ?

Monday, January 2, 2012

„најважно е како ја играш играта“


Минатата година измина во прилично интересна, возбудлива и богата година на качување карпа и мраз. Се реализираа планови и акции, во и надвор од границите на Македонија. Се качуваше таму каде што претходно никој не ни помислуваше, се работеше напорно и вредно, се вложуваше време во себе, во сопствените етапни цели, во преживување и успех. За почеток на 2012 дојдов до интервју на Даг Скот испратено од мојот драг пријател на мејл, малку е outdated но сеуште актуелно и доста поучно па решив да го објавам на денивелација.

Даг Скот

„По петдневно ползење со две скршени нозе, конечно се спуштивме до почетокот на глечерот. Мене ме пратија напред за да ги барам пукнатините зашто јас сум најмногу „оштетен“, па и штетата ќе биде најмала...“

По петдневно ползење со две скршени нозе, конечно се спуштивме до почетокот на глечерот. Мене ме пратија напред за да ги барам пукнатините зашто јас сум најмногу „оштетен“, па и штетата ќе биде најмала – со цинична насмевка Даг Скот на неодамнешниот алпинистички собир во Италија на големиот аудиториум му објаснува фотографија на која буквално ползи по белото беспаќе. Појавата која Скот ја објаснува со својот црно-хумористичен автоироничен стил, всушност, „изваден“ е од легендарното првенствено искачување на 7285 m високиот Огре во Пакистан кое Скот го изведе со сер Крис Бонингтон, Мо Антоан и Клив Роуланд, а кое освен што беше едно од потешките искачувања во таа деценија, во историјата ќе биде запаметен повеќе по спектакуларната приказна за преживување. На споменатото ползење по глечерот му претходеше пад по самиот врв по кој ги скрши обете нозе, проследен со несреќа во која Бонингтон скрши неколку ребра, а потоа и петдневна болна агонија во која четворицата со минимална опрема и без храна успеа да се спушти кон безбедноста во базниот логор.

Еден од најголемите настани на сите времиња, ова е само едно од низата доживувања во животот на Даг Скот кој покрај Меснер и Крис Бонингтон ја прави величествената тројка на неприкосновени легенди во светскиот алпинизам. Иако неговите првенствени насоки се во тешките карпи на хималајските џинови како Гашербрум
IV, Шивлинг, Канченџунга, Нуптсе, Шиша Пангма, Барунтсе, Макалу и многу други, сите со ред се достигнувања на границата на човечките можности, секогаш несклониот кон медиуми Скот ќе остане запаметен по успешното искачување на стрмниот југозападен гребен на Монт Еверест, во наврска со Дагал Хастон, а под водство на Крис Бонингтон во 1975 година. Искачувањето е тоа, кој тогаш, баш како и Меснеровото освојување на Еверест без кислород по три години, наголемо го смени текот на развојот на алпинизмот. Но, освен што познатата британска експедиција од 1975 година покажа дека и најтешките карпи веќе не се недостапни на човечкиот род. Скот, Бонингтон и Меснер со своите искачувања во годините кои следеа поставија нови стандарди – качување без кислород, во мали екипи, без помош на носачи и поставување на фиксни јажиња, направени во „еден потег“, станаа во светот на алпинизмот спортско-етички императив.


Денешните врвни алпинисти повеќе од било кога ги поместуваат границите со мноштво тешки искачувања кои во широката јавност најчесто стигнуваат само ако некој од нив заврши со смртен исход

И додека во медиумите и татковината тогашните прваци во алпинизмот беа славени као врвни спортисти и херои кои ги поместуваат границите на човечката издржливост, Месснер, Бонинготн и Скот, своевидните предводници на етиката и „стилот“, први успеаа да одолеат на славата, да останат доследни на својот „незагрозен“ начин на качување и што е најважно, да преживеат дочекувајќи го своето трето доба во време во кое на медиумите им стана поинтересно сè она што го сметаа за уназадување на спортот – големите комерцијални експедиции во кои доволно е да имате доволно пари за по секоја цена да се освои ултимативниот трофеј – врвот. Нивниот стил „лесни и брзо“ сепак еволуира, па денешните врвни алпинисти повеќе од било кога ги поместуваат границите со мноштво тешки искачувања, најчесто во екипи од двајца или тројца, кои во широката јавност најчесто стигнуваат само ако некој од нив, како во неодамнешниот случај со словенечкиот алпинист Томаж Нумар, заврши со смртен исход. Еве како Даг Скот, најскромниот од споменатата тројка, денес гледа на минатото, сегашноста и иднината на алпинизмот.

Како тогаш, во седумдесетите години, кога големите експедиции во „опсаден“ стил се чинеа као единствена можност во Хималаите, дојдовте до својот алпинистички концепт „лесен и брз“?

- Па некако дојде природно, скоро од почеток. Секогаш идеал ни беше да ги освојуваме големите карпи во Хималаите, исто како оние пониските во Алпите, што побрзо и со што помалку опрема. Најголемо влијание на нашето размислување имаше успехот на југозападната карпа на Еверест. На тоа искачување сите научивме многу – сфативме дека големите карпи во Хималаите сепак можат да се совладаат и дека најдобриот начин е качување во мали екипи. Секако, бидејќи сме англичани, доста размислувавме за тоа дека е можеби лошо што ги тргаме нашите јажиња од планините, дека можеби подобро е да ги оставиме на другите, но потоа сфативме дека всушност тоа не е в ред – да го оставаме своето ѓубре во планината. Пред таа 1975 година не бев сигурен дали можам да одам на врв на 8000 m без кислород, но по искачувањето на кое целата ноќ ја поминавме без кислород на 8700 m сфатив дека можам.

Што мислите за сè поголемиот број денешни комерцијални експедиции во Хималаите кои користат помош од носачи, кислород и фиксни јажиња?

- Па тоа не е алпинизам, односно тоа не е релевантно за развој на алпинизмот. Тоа е нешто доста споредно на што не би требало да се трошат многу зборови. Меѓутоа, сметам дека етиката не е загрозена, затоа и покрај сè сведоци сме на голем број одлични првенствени искачувања кои ги прават мали екипи. Мене ми е интересно како со тек на децениите секогаш се истакнуваат некои земји чии алпинисти заедно се обидуваат да ги поместат границите. На пример онака како што го правеа Британците во осумдесетите, така после се истакнуваа Полјаците, па Русите, или Словенците кои доѓаат од мала земја, а нивните алпнинисти прават големи и значајни искачувања во одличен стил. Минатата година бев член на жирито за доделување на Злaтен Цепин, каде се променија критериумите и наместо да се избере само едно најдобро искачување, со отиде на намалување на компетитивноста која немаше смисла во овој спорт и се доделија неколку награди. Доделивме награди на искачувањата кои беа оригинални, имаа авантуристички дух, бараат голема посветеност и беа инспиративни. Две главни награди отидоа во рацете на мали јапонски екипи кои изведоа две искачувања на врвови од над 7000 m во доста импресивен стил.

Како течеше вашиот алпинистички „развој“? Што му е потребно на човек за да да се оспособи за такви тешки искачувања на големи височини?

- Никогаш не правев големи чекори. Долго време бев еден вид приправник, правев многу полесни искачувања во Доломититие и Алпите. Никогаш не бев посебно добар качувач како некои од мојата генерација, особено не на сува карпа, иако навистина го сакам тој вид качување и ден денс го практикувам доста често. Не ни тренирав баш многу. Едноставно многу качував сè и сешто. Мислам дека тоа е доста добар тренинг, да се качува од сè по малку – карпа, мраз, комбинација. И природната љупобитност ме водеше кон нови нешта, нови проекти. Всушност некоја тајна лежи веројатно во тоа што се фокусирав на она во што сум најдобар, а тоа се искачувањата во Хималаите. Добро функционирав на височина и таму можев најдобро да ги туркам своите граници.

Многу брзо станавте познат по „лесните“ искачувања со малку опрема за да ја намалите тежината. Што носевте со себе на такви проекти во Хималаите?

- Па на пример, кога ја качувавме првенствената насока на Шиша Пангма, бевме многу, многу лесни, носевме со нас само најпотрбната облека, три боци со гас, три тубуларци и три клина. И храната беше најлесна што може – малку тибетански сампи, млеко, малку супа, и сирење. И чај, секако.

Што беше пресудно за да успеете да се „извлечете“ од Огре?

- Па, откако ги скршив двете нозе, сфатив дека сеуште можам да абзелувам. Кога не абзелував, тогаш ползев и најдоброто што, психолошки, можев да го направаме во главата да замислам парцијални цели. На пример, целта беше да се помине растојанието од дваесет метра од точката А до точката Б. Така ги ограничував целите и се обидував да не размислувам премногу околу ситуацијата во која се најдов. За целата среќа, таму беа Мо и Клив, да ми помогнат.

Кои искачувања ви останаа во најголемо сеќавање?

- Па тешко е да се каже. Ги има многу. Можеби би ги усвоил искачувањата со Џорџ Бетембург и Роџер Бакстер Џоунс, некаде од средината на седумдесетите до средината на осумдесетите. Тие двајца не се познати на пошироката јавност, затоа што за да бидете познати во таа смисла, изгледа не е важно што качувате, туку да напишете книга и да бидете добри со новинарите. Но тиe обајцата беа одлични алпинисти. Мислам дека Роџер беше појак од Меснер во тоа време. Прекрасно време поминувавме заедно, постојано се смеевме, колку и да беше тешко. Најважно е да се вратите дома како пријатели и да имате идеи за нови искачувања.

Толку големи искачувања бараат голема посветеност и непрестајно донесување исправни одлуки...

- Носењето одлуки е таа основна разлика меѓу комерцијалните експедиции и некомерцијалните искачувања. Луѓето од комерцијалните експедиции плаќаат 65 000 $ или некоја слична цена за да им се подигнат логори, да им се искфиксираат јажиња, некој да им вари чај и некој да им вели: „Добро, еве денес одиме“ или „Еве денес остануваме во шаторот“. Ретко што е нивна одлука тие се као куче на врвка. И всушност, она што го прави алпинизмот толку интересен е донесувањето одлуки. А најдобар начин да ја донесете вистинската одлука е да не бидете преамбициозни, да не ја занемарите својата интуиција, да бидете отворени кон тоа „шесто сетило“. Интуицијата не е ништо друго туку резултат на искуството и со секое ново искачување станува сè појака. По некое време таа е као некој глас во вашите гради кој ви кажува што следно да направите. А што се однесува до ризикот, не е така лошо да се биде амбициозен, сè додека вашата амбиција не почне да му штети на некој друг, освен вам.

Сметате ли дека денешните врвни алпинисти се преамбициозни, дека важен им е само врвот?


- Нема ништо така добро од тоа каао да се стигне до врвот и малку да се разгледа наоколу. Но разликата денс ја прави сè поголемата комерцијализација на спортот и потреба за спонзори. Моите пријатели и јас главно немавме спонзори, зашто не го сакавме тој притисок кој тие го носат. Мојот татко секогаш тврдеше дека не е толку важно као си играл, колку што е важно како си ја играл играта. Нашата идеја беше секогаш да бидеме што повеќе независни. Спонзорите носат императив постојано да правите искачувања кои ќе ги истакнуваат медиумите, за постојано да бидете интересен на новинарите. Парите расипаа сè. Кај мене во Нотингем, многу од нас игравме рагби кога бевме помлади. Беше тоа лига на локални клубови кои играа пријателски натпревари. Денес и понатаму се игра рагби, но во клубовите повеќе играат странци, сè е доста професионално. Наместо да се дружат, клубовите се искарани меѓусебно. Тоа веќе не е пријателска игра. Во алпинизмот денес имаме профит од една страна, а од другата страна Меснер – кој поставувањето на експанзивни клинови во карпата еднаш го нарече „убиство на невозможното“, Бонати, Касин и останатите.

Често истакнувате дека во планината верувате во претчувството дека нешто лошо ќе се случи. Зошто?

- Затоа што тоа се случило на голем број мои пријатели кои умреа во планините. Сите редум беа јаки личности, некои од нив не веруваа во судбина. Но скоро сите тие, непосредно пред да погинат, го имаа чувството дека ќе умрат. Кога Ник Есткорт загина во лавина за време на нашето искачување на К2, со часови го барав меѓу ледените блокови. Неколку дена пред тоа, му рече на еден од нашите пријатели во базниот логор дека сонувал како јас го барам неговото тело меѓу сераци. Дагал Хастон на 16. јануари 1977 година го заврши пишувањето на роман во која главниот јунак скијајќи придвижува лавина  на североисточната падина на Ла Риондаз, но преживува. Ден после тоа отиде да скија на истото место, предизвика лавина и загина. Неговата девојка целиот тој ден не можеше да работи, поради што нејзиниот шеф ја прати дома. И таа како да знаеше дека нешто ќе се случи. Има многу вакви чудни случки.

Во ниеден момент не помисливте да престанете да се бавите со „амбициозен“ алпинизам после тоа?

- Не, во ниеден момент не размислував дека ќе престанам да качувам. Суштината е во тоа што по тоа искачување преку југозападната стена на Еверест станав доста славен во Велика Британија. Сето тоа водеше да станам преарогантен. Помислив дека сум непобедлив, дека можам сè. И тогаш дојде тој Огре, кој малку ме приземји, ме натера веќе да почнам да ја почитувам планината.

Као се чувствувавте на врвот на Еверест по тоа историско искачување по југозападната стена?

- Чувствував олеснување. Некои таа височина над 8000 m ја нарекуваат „зоната на смртта“. Јас попрво би ја нарекол „зоната во која станувате живи“. Но не живи како „таму долу“, туку на едно друго ниво. Живи толку што сте во една друга димензија, го надвладувате своето его, не размислувате за него, дури ни за семејството ни пријателите, туку сте само вие и планината. И така мора да биде за да се вратите живи. Додека спиевме во таа снежна јама под врвот Еверест, Дагал во еден момент почна да се обраќа на нашиот пријател кој беше долу во базниот логор. Јас мислев дека полудел. А потоа во еден момент ми се причини како моите две стапала се обраќаат едно на друго. Левото рече, нешто во стилот „не можам никако да се загреам“, а десното врати „па помрдни ги прстите“. Тоа е така, како да сте во една сонлива состојба, како навистина да можете да излезете надвор од себе, и како некој во сон да ви кажува што да направите. Низ тоа се поврзува и тој синдром кога алпинистите на големите височини чувствуваат присутност на некоја трета личност која и посочувате и како да внимава на вас, што не е тешко на да се објасни затоа што веројатно е последица на недостигот на кислород во мозокот.

Превод: Никола Андоноски