Monday, July 4, 2011

Слободата и качувањето преку концептот на стоицизмот (дел 1)




There are moments on high cold mountains, life
enhancing moments . . . they are fragile transient
times, when the borders between living and dying
seem to overlap, when the past and future cease
to exist and you are free.
                                                                        Joe Simpson
Why climb? For the natural experience; for the
danger that draws us ever on; for the feeling of
total freedom; for the monstrous drop beneath
you. It is like a drug.
                                                                        Herman Buhl
I’m in love with climbing because of the beauty of the moves, because of
the sensations it gives me and the feeling of freedom I experience. And this is even more the case, the higher up I am!
                                                                        Pietro Dal Pra


Потрагата за слобода честопати е цитирана како награда за едно направено искачување. Дури и мал цитат покажува колку е тешко да има некаква поента самата идеја  дека било која особа може да се чувствува  „ослободена“ во текот на едно качување  отколку што се самите слободни  во било кој аспект од животот. Повеќето луѓе не би се сметале за слободни кога би се нашле во ситуација на еден качувач кој качува рутинирано – на карпа, на мраз, врзан за партнерот или за сидриште само на неколку метри оддалечен, каде што секаков вид на движење е изнудено од поголем број на фактори и каде што сериозна повреда или смрт би било резултат на мало невнимание или грешка. Во овој есеј од неколку дела ќе пробам да објаснам како и покрај оние брутални услови алпинистите можат да почуствуваат ретко и длабоко чувство на „слобода“. Всушност, ќе пробам  некако да ви доловам дека качувачите ја чувствуваат својата слобода токму во делот на ограничувањето и опасноста во која се наоѓаат во текот на едно искачување.


Единствено место од каде што може да се почне е да ги запрашаме луѓето што всушност подразбираат под терминот „слобода“. По дефиниција, кога луѓето би одговориле дека се слободни или ослободени тоа би значело дека нема никаква рестрикција над нивните права. Тоа би значело дека тие имаат повеќе опции за избор на слободата. Честопати колку повеќе опции се во прашање толку повеќе се смета таа особа за „слободна“ а генерално луѓето дискутираат за различни типови на „ослободување„ и „слобода“. На пример, еден може да има слобода на движење и мислење. Човекот кој е слободен во оваа смисла на зборот може да оди и да патува каде и да посака и да прави што и да посака. Но во нашиот случај тоа не е слобода. Особа која е повредена или изгубена или е лимитирана во своите дејствувања е лишена од слобода во буквална смисла на зборот.


Втор тип на слобода за која луѓето разговараат е политичка слобода. Во овој контекст луѓето честопати се сметаат за слободни ако институциите и државата не ги укинуваат човековите права. Слободата може да биде и лимитирачка како во гореспоменатите примери (изразување на мислење и слобода на движење) но сепак да постои политичка слобода. Повреда при качување или скијање може да ви ја лимитира вашата слобода на движење, но политичката слобода останува прилично иста и активна.

Третиот концепт на слобода се издигнува примарно од чиста филозофска дискусија за слободата и детерминираноста. Генерално ова е метафизички проблем кој се однесува на тоа дали навистина луѓето правата слободни избори или се детерминирани, дали од некаков вид на механизам или од физичко причинa или па тие избори се диктирани од самите нив. Ретко се случува да се каже дека луѓето се слободни во оваа смисла, во дадени услови, да можат да реагираат или веќе реагирале поинаку.

Кога станува збор за првиот принцип, слобода на движење, кога качувачот е во насока неговите опции се далеку по лимитирани отколку во било која хоризонтално поставена површина. Во моментов сите сме доведени во позиција да можеме да одиме кај сакаме, да станеме, да одмориме, да посетиме пријатели, да трчаме па дури и да одиме да качуваме на карпа. Но кога станува збор за искачување нашите излези се лимитирани на неколку можни варијанти (нагоре, ако можам), да се симнам, или да останам во позиција (најдолго што можам). Дел од качувачката суштина е да се доведеш во ситуација каде што движењето е лимитирано, понекогаш и екстремно.

Во концептот на политичката слобода има ретки случеви каде што одредена личност може да ги искористи своите качувачки вештини за да ги избегне тоталитаристичките режими на власта и институциите, но со доза на резерва затоа што генерално никој не е политички ослободен, ни оној на планина ни оној во својот дом. Општо е познато дека качувачи патуваат од земја во земја се`со цел да уживаат во нивната политичка слобода на места каде што воопшто нема потреба од никаква потврда ниту дозвола за качување и доста е популарно во качувачките заедници дека слободата за качување воопшто нема допирни точки со онаа политичката.

Фактот останува дека дека слободата побарува избор на опции и дека ние сме секогаш „помалку“ слободни кога качуваме.


-стоицизам


(дел1)
climbing philosophy. tying in.

No comments:

Post a Comment