Friday, March 25, 2011

rock 'n' ice зима 2010/2011



Не сакам статистики но мала реминисценција не е на одмет. Ќе се вратам некаде пред почетокот на зимава,  ноември/декември  2010 каде што едвај падна и првиот снег на планините.

Фактот дека зима во Македонија неколку години наназад постои само календарски е веќе познат. Кога зборам за зима зборам за константни температури од  -20 степени под нулата, стабилни кулоари и мразеви, а не пролетни температури и кокичиња во сред  јануари.

Некаде пред почетокот на октомври месец започнувам со тренинзи насочени кон качување на мраз и општафизичка подготвеност за зимскиот период што следува. Фитнес, згибови, трчање, трчање повторно, планина, карпа итн.  Сакам да сум во форма, перманентно. Арно ама, кабает мора да бидеш. После изминати 2 месеци трчање на кеј по 12 километри кои беа екстремно досадни, завршив на физикална терапија со истегнат лигамент под пателата. Прво 2 недели слушав разни „традиционални“ начини на заздравување, за да се убедам на крај себе дека постои вистинска медицина која може да помогне. Месец дена изгубен по „мафтање“ низ педијатрија и уште пола месец пост-третмани.

Како и да е дефетистот у мене проработе баш кога не требаше. Пробував да не си морализирам. Околку средината на јануари некако ги поврзав работите во себе и ништо не остана освен да се промовирам на мраз за оваа 2011. Побрзо од Усаин Болт се прибрав под амфитеатарот на Патишка Река заедно со мојот револуционерен одред во АК Матка.



Оттука започнаа да се случуваат многу работи во алпинизмот. Првенствени насоки скоро секој викенд по една до две нови, кулоари кои не биле долго време повторени, проширени вени добив од тоа колку ми беше ќеф што дечкиве од АК Матка (вклучувајќи ме и мене) растур прават по планиниве во Македонија.
Листата оди надоле и надоле а гарант иам промашено најмалку уште 3-4 насоки. Компетентно можам да констатирам дека оваа зима членовите на Македонската алпинистичка федерација реализираа голем број квалитетни искачувања во домашните локалитети и во соседството, што преставува непобитен доказ за квалитативниот скок во алпинизмот. Да се надеваме дека во наредниот период ќе се избориме за подобар општествен третман кон алпинизмот и дека ќе добиеме шанса да излеземе во некој од повисоките планински масиви низ светот и да покажеме што можеме да направиме за нашиот спорт и за татковината. 


No comments:

Post a Comment