Monday, September 5, 2011

Што има во 1:55:15 ?




Додека копам во себе и во болката во која се наоѓам често си повторувам дека мора да заврши кога – тогаш. Трчањето на Голем Кораб овој викенд ми даде цела, скоро нова перспектива колку долго можам да толерирам болка со високо ниво. Признавам, напорно ми беше, повеќе од што очекував, но во исто време беше и награда.

Болеше. И тоа како болеше. Добив сосема нова перспектива за болка и како да ја надминам. Веројатно овој тип на патење ќе го наречам мазохизам. А патењето не е нормално како што сите го замислуваат кога се наоѓаат во ситуација каде што имаат контрола на изборот. Болката од алпинистичко искачување и трчање на планина со висок пулс каде што слободно можам да ја сопрам е класичен мазохизам.

Болката е вешт тренинг за стрес за да успееш во нешто.  А секој стрес кошта. Мојот кошташе 1:55:15. 1:55:15 боли кога знаеш дека не си таму каде што треба да бидеш,  меѓутоа пат почнува да се формира таму каде што започнува сонот и мораш да поставуваш тешки прашања и цели, а потоа да ги слушаш одговорите.

Моите 1:55:15 се моја болка. Во моите 1:55:15 има моќ, сила, брзина, издржливост, флексибилност, капацитет и алегорија. Но 1:55:15 е само бројка која може многу брзо да се промени. Многу брзо. А во тие бројки има многу месеци, месеци на болка, месеци за навика на тешка работа, работа која ќе те натера да работиш на нешто што боли, нешто што ќе биде уживање за на крајот –да те направи подобар.

Сите лекции и тренинзи во мојот живот имаат своја цена. Овој со бројки. Претходниот со солзи. 

2 comments:

  1. Што значат тие бројки, не сфатив. 1:55:15?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Времето за кое го истрчав Голем Кораб од караулата.

      Delete