Friday, August 26, 2011

Зошто ?




Се сеќавам на еден постер.

Обична слика, со неколку зборови.


„Нека реалноста ти биде камен на кој ќе ја остриш твојата омраза“.


Уште подобро, твојот страв.

Твојата волја.

Мора да си спремен да ги згазиш своите сонови, да ги дигнеш во воздух и добра брусилица за да ги наостриш своите алати. За добро да можат да сечат. Да ги сечат срањата. Да ги сечат оправдувањата. Да сечат до сржта на проблемот, до причината. Причината за која се бориме. Причината за која страдаме. Причината за која одбиваме да се водиме низ животот по добро заслужениот пат. Причината за која се одлучуваме за потешкиот пат. Болката. Исчашувањето.

Затоа кој го ебе. Кој ги ебе сите. Ете затоа.

Работиме напорно затоа што знаеме дека не мораме. Лути сме поради тоа што можеме да се тркаламе со цимолење и сите околу нас да ни кажат дека тоа е нормално. Работиме премногу како акт на одмазда на деловите од нас кои сакаат да бидат просечни. Работиме за да бидеме повеќе од она што сме.

Работиме на нашите алати. Tелото и душата. Страв. Омраза. Љубов. Сочувство. Дел од целина. Алатите кои ги учиме. Алатите кои ги користиме. Сила и флексибилност. Моќ и издржливост. Брзина. Агилност.  На телото и умот. Дел од целината. Парчиња. Рефлексијата на работата која сме ја завршиле. На ветувањата кои сме ги исполниле и оние кои сме ги прекршиле.

Учиме да бидеме одговорни. Да си го зачуваме нашето сопствено право. Да го отстраниме штетниот материјал. Да го уништиме условувањето кое ни било наложено. Да го изостриме сопственото сетило и да научиме да го почитуваме работ на острицата. Овој алат бара умешна рака, бара трпеливост и воздржаност, бара волја да се реагира во вистински момент без двоумење.

Поради ова се трудиме.  Заради тоа се бориме. Заради тоа притискаме. Болката. Часовите. Цената која ја плаќаме. Сите ние сме олицетворение на нашата креација. Се справуваме со сопствени раце, за подобро или полошо, за да се откриеме кои сме и што сме. Нашиот избор, никако нашата дарба.

Се работи за дефиниција.

И кога времето ќе дојде, кога моментот ќе има последици, можеме да застанеме пред нив и да се соочиме. Ќе се соочиме со знаењето на еден скулптор. На артист кој ги допрел сите делови. Кој се справил и усовршил. Кој го обликувал секој дел со цел, со причина. Со знаење и перспектива. Можеме да се впуштиме во овој предизвик затоа што, без разлика на исходот, ние напредуваме.

Затоа крени ја тежината со сопствени раце.

1 comment:

  1. пак останав без зборови од тебе!

    ReplyDelete