Sunday, August 7, 2011

Како да спакувате ранец


Во последно време секој од нас доаѓа во ситуација да тргне на патување или на некоја повисока планина, па затоа е многу важно добро да се спакува ранецот кој ќе го носиме. Веројатно сите, па и јас понекогаш, не обрнале внимание на тоа па потоа имале болки во рамењата, грбот и долниот дел на половината со денови.

Сигурен сум дека многу од вас појма немаат како се пакува ранец (вклучувајќи ги и поискусните) или пак ранецот кој го носите е крајно фалш изработен да изгледа како да имате баскети за кошарка во него. Па се сука во лево, во десно, ве влеча назад итн.

На интернет има премногу видео инструкции каде што може да се види како работите се пакуваат хиерархиски ама ниеден од нив не е краток и конкретен. Затоа еве ви го Џими Чин (кој е Џими?). Џими е воедно и атлета на TheNorthFace брендот.

No comments:

Post a Comment